АЈДЕ!: МРТ да им се врати на граѓаните, а не да остане владин мегафон!

Од:

„АЈДЕ! – Платформата за граѓанска политика, најостро го осудува начинот на кој Македонската Радиотелевизија (МРТ), известуваше за саботниот протестен перформанс на нашата иницијатива пред зградата на МРТ и обидот за диксредитација на еден од говорниците на настанот, новинарот Зоран Бојаровски.

Тенденциозното и манипулативното известување за перформаност на АЈДЕ! и нападите врз Бојаровски, претставуваат класичен доказ за тоа дека МРТ наместо да  практикува професионално, непристрасно и вистинито информирање, ги извртува фактите, создава лажна реалност и го заменува новинарството со пропаганда и лага“, се вели во соопштението на АЈДЕ!.

„Со други зборови, токму овој пример директно и недвосмислено покажува дека МРТ не е јавен радиодифузен сервис на граѓаните, туку претставува пропаганден мегафон на власта.

Затоа уште еднаш ги потсетуваме и ги предупредуваме Програмскиот совет, директорите, уредниците и новинарите на МРТ, дека секојдневно го кршат  законот според кој јавниот сервис треба да бидете независен од кој било државен орган, треба да обезбеди постојано, вистинито, целосно, непристрасно, праведно и навремено информирање, како и да создава и емитува квалитетни програми за сите важни општествени фактори, случувања и процеси.

Истот така, порачуваме дека протестниот перформанс на АЈДЕ! претставува само почеток на граѓанското ангажирање за враќање на Македонската радиотелевизија назад кај граѓаните“, велат од АЈДЕ!.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал

МРТ објави конкурс за избор на претставник и композиција за Евровизија 2022

А1он