АХВ: Тешки метали и трихинелоза кај дивечот

Од:

Да не се јаде црниот дроб од дивичот зашто содржи поголема количина тешки метали од дозволената, апелира денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.

На прес-конференција Атанасов информира и дека две ловни друштва пријавиле појава на трихинелоза кај дивечот, а се следат и бруцелозата, птичјиот гирп, африканската и класичната свинска чума, како и беснилото кај лисиците. Веќе се дадени препораки, како да се постапува во случаите со трихинелоза.

– Во црниот дроб на дивечот, посебно кај дивата свиња, дивите птици и зајакот, се утврдени поголеми количини олово, кадмиум и жива поради што се препорачува овој орган да не се консумира. Особено ова важи за ловџиите кај кои, традиционално, по ловот, најпрво се јаде црниот дроб и тоа е вид гоштевање, нивно и на семејството, истакна Атанасов.

Најголеми отстапувања во присуството на тешки метали во црниот дроб има кај дивечот во реоните на Гевгелија, Велес, Куманово, Прилеп и Струга, додека само лани, во четири случаи се утврдени повеќе тешки метали и во мускулното ткиво.

Се претпоставува дека присуството на тешки метали доаѓа од почвата.

Трихинелозата, објасни Атанасов, е паразитарно заболување кое може да се пренесе од животните на луѓето. За да се заштити населението, не треба да јаде такво месо. Сепак, термичката обработка на високи температури е еден вид заштита. Препораките се, заловениот дивич да се однесе на испитување.

– Онаму каде што утврдивме присуство на трихинела, кај четири случаи, труповите термички ги обработивме и ги уништивме со закопување во земја. Тоа е најбезбедниот начин. Воопшто не се пуштени во промет, подвлече Атанасов.

Одговорајќи на новинарско прашање, Атанасов рече дека во Македонија нема од белгиското месо за кое се претпоставува дека е старо над 12 години.

– Пристигнати се количини месо од Белгија, но не и од компанијата што е во РАСАФ системот на ЕУ, истакна директорот.

Би можело да ве интересира

АХВ: Се повлекува чоколадото „милка орео“, во него е пронајдена пластика

Орце Костов

АХВ: На фејсбук страницата „Zeolit MK“ нелегално се продава „Zeo Medic“, производот не е одобрен и нема гаранција дека е безбеден

Повлечен од продажба небезбеден чипс од Косово

АХВ: Засилени контроли на рокот на производите во новогодишните пакетчиња

Орце Костов

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

Салмонела нема ниту во храната, изворот на заразата во училиштата во Карпош дополнително ќе се утврдува