АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Од:

Со спроведените контроли и утврдените недоследности во пресрет на новогодишните и божиќните празници, изречени се 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност за оператори и одговорни лица во нив. Изречени се и соодветни опомени и издадни решенија со наредби за отстранување на утврдените недоследности. Како небезбедни, уништени се над 624 килограми небезбедна храна, од кои 567 килограми производи од месо, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

– Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на АХВ, со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на потрошувачите, покрај редовните, спроведува и засилени, вонредни контроли кај сите оператори со храна. Акцент со контролите во овој временски период ставен беше на операторите што организираат предновогодишни и новогодишни прослави и во месарници, месарници со работилница, рибарници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло, каде периодов има зголемена побарувачка и потрошувачка на храна, појаснија од АХВ.

На територијатата на цела држава спроведени биле вкупно 423 надзори во гостилници и ресторани и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло.

– Генералните неусогласености утврдени со контролите се однесуваат на неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените лица, неусогласености во однос на хигиенските и микробиолошките барања за безбедност на храна и вода, нерегистрирани правни лица како оператори со храна во АХВ. Кај неколку оператори најдена е небезбедна храна и храна со поминат рок, утврдено е несоодветно складирање и селектирање на храна, нередовно ажурирање на записите за Добра хигиенска, Добра производствена пракса и HACCP, неспроведена дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, како и неземени мостри од храна за лабораториско терстирање, производи без декларации и со нецелосни и нејасни декларации и други помали недоследности, за што се издадени соодветни решенија, истакнаа од АХВ.

Од Агенцијата апелираа во пресрет на новогодишните празници, да се купува храна од одобрени и регистрирани објекти што ги имаат имплементирано системите за безбедност на храната, да се внимава на означувањето на производите, како и на тоа каде тие се чуваат.

– Во домаќинствата важно е да се внимава на хигиената, подготовката на храната и нејзино чување на соодветна температура, потенцираа од АХВ.

Би можело да ве интересира

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ако не гледаат глувци низ ходниците и бубашваби во јадењето во средношколскиот интернат, тогаш во АХВ има сериозен проблем

Се испитуваат кујните во девет основи училишта во Карпош по труењето во „Димо Хаџи Димов“

АХВ во зимски сон: Бубашваби на менито секој ден за средношколците во интернатот Здравко Цветковски ГУЦ

Предраг Петровиќ

Спречено е 20 тони небезбеден помфрит од Холандија да заврши на македонскиот пазар

Предраг Петровиќ