А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

АХВ со препораки при конзумирањето на храната во летниот период

by А1он27/06/2017 - 19:24200
Share0

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска даде препораки за конзумирање на храната во услови на високи температури кои се најавуваат следните денови.

Добивај вести на вибер

Од Агенцијата истакнуваат дека за да се спречи труењето со храна кое е честа појава во летните месеци потребно е граѓаните при купувањето да водат сметка за изгледот и рокот на употреба на производот, да купуваат храна од проверени места, а лесно расипливите продукти да се купуваат исклучиво од објекти каде што се чуваат во разладни уреди.

Препорака е да се избегнува и храна со оштетена амбалажа, ладните или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а месото, млекото и јајцата да не се чуваат долго време во автомобилите.

При подготовката на храната од Агенцијата за храна и ветеринарство препорачуваат овошјето и зеленчукот темелно да се мијат, млекото, месото и јајцата термички добро да се обработат, а оладената храна да се чува на температура пониска од 50 степени, а топлата храна на температура повисока од 600 степени. Подготвената храна која нема да се консумира веднаш се препорачува да се чува во фрижидер.

При купувањето на подготвена храна или храна од угостителски објекти се препорачува таа да се зема од места кои имаат добра репутација, купената топла или смрзната храна побрзо да се однесе дома и да се избегнува купување на храна која можеби е расипана или која сменила боја, а во објектите за брза храна да се избегнуваат мајонез, кечап, крем салати, сосови и преливи.

При конзумирањето на сладолед се апелира тој да се купува од сигурни продажни места, пред консумирање да се провери изгледот, мирисот и вкусот на сладоледот, а доколку се купува пакуван сладолед да се провери рокот на траење.

– Доколку сметате дека храната не е безбедна, не ризикувајте – фрлете ја, препорачува Агенцијата за храна и ветеринарство.

leto

Би можело да ве интересира

Летото ќе биде натпросечно топло, со жешки бранови со екстремни тепмератури

Катерина Ѓуровски26/06/2025 - 08:22

Почнува летото

Горан Наумовски21/06/2023 - 07:5421/06/2023 - 07:55

Заштитете ги нозете од проширени вени во текот на летото

Горан Наумовски16/06/2023 - 12:2716/06/2023 - 12:32

Продолжува пеколниот бран, портокалова фаза и денеска

Катерина Ѓуровски25/06/2021 - 09:1825/06/2021 - 09:43

ВИДЕО: На плус 40 копаат, мешаат малтер и товараат песок, никој не се грижи за работниците

Габриела Димковиќ-Мишевска08/08/2019 - 16:0608/08/2019 - 16:14

Од вторник зголемување на температурите

Татјана Ташкова04/08/2019 - 11:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен