АХВ: Се остранува угинатиот добиток за спречување зарази

Од:

Изминатите два дена во најголем дел е завршено евидентирање, проценка и утврдување на сопственоста на угинатиот ситен добиток по поплавите во Скопско и Тетовско (кокошки, овци и кози), како и нивно закопување на соодветни локации определени од страна на локалната самоуправа.

Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), оваа акција ја спроведуваат нејзини стручни тимови во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ветеринарните друштва, со цел превенција и спречување на појава на заразни болести во поплавените подрачја.

Од вчера попладне се врши и извлекување, евидентирање, проценка и отстранување и закопување и на угинатиот крупен добиток во поплавените региони.

– Со цел елиминирање на ризикот од појава на болести кај добитокот во поплавените региони, официјалните ветеринари во соработка со ветеринарните друштва и месното население вршат дислокација на живиот добиток и обeзбедување доволни количини безбедна храна и вода за нив. Се проверува и здравствената состојба на секое животно, која дополнително ќе биде проверена и по повлекувањето на водата, темелното чистење и извршената дератизација и дезинфекција на одгледувалиштата, каде повторно ќе се врати добитокот, информираат од АХВ.

Би можело да ве интересира

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски