АХВ подготви прирачници за операторите кои приготвуваат храна за градинките и училиштата

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Организацијата на потрошувачи, во рамки на Програмата за заштита на потрошувачи за 2020 година, изработи прирачници наменети за операторите кои приготвуваат храна за градинките и основните училишта.

При подготовка на содржините земени се предвид законските прописи кои се однесуваат на безбедноста на храната, како и Правилникот за стандардите за исхраната и за оброците во основните училишта, донесен од Министерството за образование.

– Во прирачниците се опишани постапките за добрите производни и добрите хигиенски практики, кои треба да ги применуваат операторите за храна во овој вид објекти. Прирачниците содржат предлог неделно мени, кое ги задоволува потребите за исхрана на децата во предучилишните установи – градинките и учениците од основните училишта, информираат од АХВ.

Прирачниците, покрај на интернет страниците на Агенција за храна и ветеринарство и Организацијата за заштита на потрошувачите, во рамки на соработка со ЗЕЛС, Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика, ќе бидат поставени и на интернет страниците на општините и основните училишта ширум државата.

Би можело да ве интересира

Уништена е над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

А1он

АХВ апелира до сопствениците: Чипирањето на кучињата e законски задолжително

Горан Наумовски

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра