АХВ отстапи на користење уште две автоматски прскалки за дезинфекција на возила

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), денеска им отстапи на користење уште две автоматски прскалки за дезинфекција на возила на Министерството за внатрешни работи и на Царинската управа, како дел од институционалните активности за поддршка на реализацијата на мерките на Владата во борба со коронавирусот.

Како што информира АХВ, МВР ќе ги постави прскалките во касарната во Ѓорче Петров, а Царинска управа на граничниот премин Табановце.

-Минатата недела, покрај дел од средствата за еднократна заштита, исти вакви автоматски прскалки за дезинфекција на возила, АХВ отстапи на користење на Дирекцијата за заштита и спасување. Опремата е во фукција и се користи за автоматска дезинфекција на возила на влезот/излезот на општините Дебар и Центар Жупа, потсетуваат од АХВ.

Како одговорна институција за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојба на животните, АХВ, порачуваат, посветено работи и на активна едукација на граѓаните и компаниите за тоа како треба да се постапува со храната, во услови на прогласена пандемија со вирусот КОВИД 19.

-Од почетокот на кризата досега, како општествено одговорна институција, АХВ подготви и преку медиумите објави препораки за постапување на бизнисите и операторите со храна во време на пандемија со коронавирусот, за безбедно подготвување храната во домот, препораки за потрошувачите за начинот на органзирање и безбедно пазарење во време на пандемија. На интернет страницата на АХВ – www.fva.gov.mk – банер Препораки КОВИД 19, операторите со храна и граѓаните може да се информираат за донесениот сет на мерки за обезбедување безбеден и непречен проток на стоки и животни, засилените вонредни контроли кои ги спроведува Агенцијата во овој временски период, како и за начинот на функционирање на институцијата со странките во услови на прогласена пандемија, порачуваат од АХВ.

Би можело да ве интересира

АХВ прави чистка пред Велигден: уништени месо, јајца, бои, ракија

АХВ и МВР во магацин во Маџари пронајдоа 40 тони небезбедни сувомесни производи

Катерина Ѓуровски

АХВ: Ќе се уништи 1.980 килограми небезбедно замрзнато месо

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети

Инспекторите на АХВ под лупа ги ставија и болничките кујни

А1он

Месарниците во земјава се под лупа на инспекторите, велат од АХВ

А1он