АХВ: Остануваат забраните за увоз на живина поради птичји грип

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство потсетува дека на сила остануваат забраните за увоз на жива живина и производи од живина од регионите во соседна Бугарија каде кон крајот на минатиот месец беше потврден вирусот птичји грип, како и забраните за увоз од неколку европски земји.

– Со цел спречување на евентуална појава и ширење на вирусот на болеста птичји грип во земјава, апелираме до одгледувачите на живина (комерцијалните одгледувачи и домаќинствата) на високо ниво да се одржуваат биосигурносните мерки на фармите. Неминовно е рано пријавување и рано откривање на болеста, но, пред се, спроведување на превентивни мерки како дел од стратегијата за справување за Авијарна инфлуенца, наведува Агенцијата за храна и ветеринарство во денешното соопштение.

Оттаму апелираат да се ограничи движењето на домашната живина надвор од живеалиштата, да се спречи контакт со диви птици и да не се врши хранење на живината во дворовите. Потребно е да се врши и превентивна дезинфекција на превозните средства за живина и јајцата за ведење, да се внимава во јатата да не се внесува живина со непознат здравствен статус, а до ветеринарната друштва да се пријави доколку дојде до промена на здравствената состојба на живината или до зголемена смртност.

Од АХВ апелираат и ловџиите по враќање од лов задолжително да ги мијат рацете бидејќи дивите птици се главни преносители на болеста, како и да го пријават секое угинување на диви птици.

Забрането е и хранење на живината и другите домашни животни со остатоци од диви птици.

Би можело да ве интересира

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски