АХВ: Николовски со невистини шири паника за политички поени

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во реакција на тврдењата на техничкиот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски дека се продава алкохол со висока содржина кофеин истакнува дека некомпетентно и нестручно толкувал резултати од лабораториски анализи од Институтот за јавно здравје и со пласирање невистини свесно ги довел во заблуда граѓаните и родителите.

Николовски, смета АХВ, се води од интерес за собирање ситни политички поени, со елементарна неспособност ги чита прописите за безбедност на храната и шири паника, сакајќи да ја урне довербата на граѓаните во институциите на системот и несвесно сее страв за здравјето на потрошувачите.

Прописите, нагласува Агенцијата за храна, се јасни, недвосмислени и важат еднакво за сите.

– Согласно Правилникот за начинот на означување на храната (Службен весник на РМ број 118 од 2005 година), кој е комплетно усогласен со европските правила за означување на храната, кој беше на сила во моментот кога е увезен пијалокот, кој само за Николовски е небезбеден. Во него, во членот 19 јасно е дефинирано дека пијалоците кои содржат и кофеин од кој било извор, во количина поголема од  150 милиграми на литар, потребно е само да се означат со ознаката „висока содржина на кофеин“ што е сторено и во конкретниот случај, односно, ваквото означување и тогаш било истакнато на производот кој се извезува и на пазарите во  Европската унија, појаснува АХВ.

Стручното мислење од Институтот за јавно здравје на кое се повикува Николовски,  според АХВ, не е во согласност со Правилникот за начинот на означување на храната.  – Тоа не е ниту побарано, ниту одобрено од Агенцијата за храна и ветеринарство која како стручна и одговорна институција за безбедноста на храната сама ги толкува резултатите, поради што истото се смета исклучиво за став на Институтот за јавно здравје и за личен став на одговорното лице кое го подготвило конкретното стручно мислење, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он

АХВ: Три позитивни случаи на вирусот на западнонилска треска кај угинати гаврани

A1on

Над 100 пријави за угинати птици за четири дена: Два примерока позитивни на западнонилска треска

Горан Наумовски

Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла