АХВ: Николовски се служи со манипулации

Од:

Не се работи за труење и за небезбеден пијалок, туку за недозволена консумација од страна на малолетни лица и непочитување на означувањето на производот, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија, во реакција на прес-конференцијата на дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски.

Според АХВ, Николовски повторно се служи со манипулации и презентира елементарно непознавање, како што велат, во наводната загриженост за здравјето на граѓаните и безбеднсота на храната и пијалоцита и бараат поради тоа тој да си поднесе оставка од функцијата.

– Случајот за кој Николовски зборува неколку дена е чист пример за недозволена употреба на енергетки пијалоци од страна на малолетни лица и токму затоа, одговорноста треба да се бара кај оние кои ваквиот пијалок го продале на децата. Македонија не е исклучок од Европа. Колку за информирање на Николовски, оваа материја и таму е регулирана на истиот начин, стои во реакцијата.

Воедно, од АХВ го прашуваат Николовски, дали доколку малолетни лица се затрујат од конзумирање алкохол, повторно според неговата логика и непознавањето на прописите, велат, дали одговорноста ќе биде на Агенцијата или на некој друг.

– Повторуваме дека пијалакот кој само за Николовски е спорен е соодветно означен дека е забранет да се консумира од страна на лица помлади од 18 години, а овој факт, тој или не го знае или свесно го занамарува. Лабораториските испитувања на пијалоците кои ги бара и сите факти, ќе му бидат презентирани на Николовски, секако доколку знае да ги протолкува, зошто со досегашните изјави покажа дека тоа не му оди од рака, се наведува во реакцијата на АХВ.

Би можело да ве интересира

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ако не гледаат глувци низ ходниците и бубашваби во јадењето во средношколскиот интернат, тогаш во АХВ има сериозен проблем

Се испитуваат кујните во девет основи училишта во Карпош по труењето во „Димо Хаџи Димов“

АХВ во зимски сон: Бубашваби на менито секој ден за средношколците во интернатот Здравко Цветковски ГУЦ

Предраг Петровиќ

Спречено е 20 тони небезбеден помфрит од Холандија да заврши на македонскиот пазар

Предраг Петровиќ