АХВ: Не станува збор за небезбеден пијалок, туку за непочитување на означувањето на производот

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство попладнево соопшти дека во однос на труењето на три малолетни лица со енергетски пијалок не станува збор за небезбеден производ, туку за непочитување на означувањето од страна на лицата кои го консумирале.

– Производот Симба, кој во медиумите се посочува како причинител на труењето со храна на малолетните лица, е безалкохолен пијалак, на кој соодветно е означено дека не се препорачува за деца под 18 години и за бремени жени, се наведува во соопштението на АХВ.

Оттаму посочуваат дека во тек е постапка од надлежните институции за тоа како овој пијалак дошол до малолетните лица.

Би можело да ве интересира

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски