АХВ: Не се изолирани патогени бактерии во ЛЕАР, најдени аеробни и мезофилни бактерии

Од:

Не се изолирани патогени бактерии во земените мостри храна (алва, леб, вакумирана салама пилешки гради, јогурт, крем сирење, вода за пиење) кои ги конзумирале затруените работници во фабриката Леар во ТИРЗ Тетово, покажуваат резултатите од лабаратолиските испитувања на мострите и берисевите што ги зема Агенцијата за храна и ветеринарство. Детектирано е зголемено присуство на аеробни и мезофилни бактерии во јогуртот и крем сирењето, како и бактерија стафилокока на масата на која се чува резервната храна.

– Зголемено присуство на аеробни и мезофилни бактерии во јогуртот ги прават овие производи потенцијално ризични за употреба, иако аеробните и мезолфилните бактерии не се дел од микробиолошките критериуми за испитување на безбедноста на храната, туку, упатуваат на недоволно добра хигиенска пракса во услови на екстремно високи надворешни температури. Дадени се препораки за строго спроведување добра хигиенска пракса кои се однесуваат на делење на храната во пократок временски рок, нејзино адекватно чување и транспорт со запазување на студениот синџир, одржување на личната хигиена и носење на работни одела на вработените кои работат со храна, се вели во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринаство.

Информираат дека утврдено е присуство на бактеријата стафилококус ауреус во нос кај вработеното лице кое ја делело храната, иако имал извршен санитарен преглед и уредно заверена санитарна книшка. Ова лице со храната немало директен физички контакт, бидејќи таа делела на работниците спакувана и вакумирана во поединечни пакувања за секој вработен.

За оваа недоследност наложено и извршено е отстранување на ова вработено лице од работното место, се до негово комплетно излекување.

– Кај земениот брис од работната маса за чување на резервна храна, со анализите утврдено е присуство на бактеријата стафилокока, за што од страна на инспекциските служби се изречени и спроведени мерки за генерално механичко чистење и дезинфекција на мензата, се вели во соопштението.

Во него се додава дека АХВ извршила вонредна контрола и кај добавувачот на храна за мензата во фабриката Леар, при што се земени и мостри за лабораториско испитување. Резултатите од овие лабораториски испитувања до Агенцијата се уште не се пристигнати.

Во ЛЕАР на 8 јули ова година 25 работници покажаа знаци на труење со храна.

Би можело да ве интересира

Над 100 пријави за угинати птици за четири дена: Два примерока позитивни на западнонилска треска

Горан Наумовски

Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла

АХВ: Ја следиме состојбата со сипаниците кај овците и навреме преземаме мерки

АХВ ја изрече првата глоба за напуштање мачиња, сторителот е казнет со 550 евра

Горан Наумовски

Горештините носат ризик: Внимавајте што јадете и како ја чувате храната

АХВ на граница запре над 23 тони замрзнато пилешко од Бразил

Горан Наумовски