АХВ: Не може да се утврди од каде потекнува угинатата крава

Од:

Официјален ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изврши увид и констатира дека угинатата крава на кејот на Вардар во Скопје нема идентификациска ознака врз основа на која може да се утврди сопственоста и регионот од каде потекнува.

Како што информираат од АХВ, ветеринарот излегол на терен и направил увид врз основа на добиен повик од Центарот за управување со кризи, постапувајќи по пријава на граѓанин дека во близина на кејот на Вардар има угинато животно – крава.

– Со контролата констатирано е дека угинатото животно нема идентификациска ознака – ушна маркица врз основа на која може да се утврди сопственоста и регионот од каде потекнува… Официјалниот ветеринар на Стационарот за хуман третман на животните изрече мерка за вршење темелна дезинфекција на кејот на Вардар, со цел спречување евентуално ширење на заразни болести, соопшти АХВ.

Во соработка со Бригадата за противпожарна заштита и Комуналното претпријатие, угинатото животно е извадено од водите на Вардар и нештетно е уништено во депонијата Дрисла.

Би можело да ве интересира

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски