АХВ: Ловечките друштва да доставуваат мостри од секоја застрелана лисица и дива свиња

Од:

Ловечките друштва да доставуваат мостри од секоја застрелана лисица и дива свиња за лабораториско испитување за да се спроведе контролата на беснило и класична чума кај свињите и дивите животни, апелира Агенцијата за храна и ветеринарство.

Апелот е упатен до сите ловечки друштва, концесионери на ловиштата за време на петте обуки кои во втората половина на октомври се одржаа во скопскиот, кичевскиот, битолскиот, виничкиот и струмичкиот регион.

На обуките на ловечките друштва им била објаснета постапката за правилно земање мостри за испитување и им била поделена опрема за земање на мостри од застреланите животни. Ловџиите се обврзани да ги пријават сите сомнителни животни на беснило, како и застреланите и угинати лисици и волци, но и дивите свињи за испитување на присуство на вирусот на класичната чума кај свињите.

Ловџиите треба навреме да го информираат ветеринарниот инпектор за извршениот застрел на секое диво животно и да ги преземат неопходните мерки за вакцинирање на ловџиските кучиња против беснило, бидејќи и тие доаѓаат во непосреден контакт со дивите животни.

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека и годинава во соработка со ловечките друштва во текот на ловната сезона која почнува од октомври до крајот на јануари идната година, ќе врши мониторинг на успешноста на спроведената орална вакцинација на лисиците против беснило. Во рамки на есенската кампања за вакцинирање на лисиците против беснило се врши и авионска дистрибуција на вакциналните мамки на целата територија на државата.

За искоренување на класичната чума кај свињите, Агенцијата годинава презема мерки и за подобрување на биосигурноста на свињарските фарми, подготвен е планот за итни мерки, а се врши и мониторинг на вакцинацијата против класичната чума кај свињите кои се одгледуваат. Наскоро ќе почне и имплементацијата на системот за обележување на свињите со што ќе се обезбеди полесно следење на здравствената состојба и на овој вид животни.

Би можело да ве интересира

Приведени три лица во дебарско, затекнати при незаконит лов

А1он

Ловечката федерација на Македонија упати отворено писмо до политичките партии

Ана Ололовска

Боцвана повторно дозволи лов на слонови

Ловџија се здобил со прострелна рана при лов

Наум Локоски

Штипскиот регион атрактивен за странските ловџии

Ана Ололовска

Кривична пријава за политичарите кои се фотографирале со убиените диви свињи во „Јасен“

Ана Ололовска