А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

АХВ: Колењето свињи да се врши крајно внимателно со преземање на сите безбедносни мерки

by А1он20/11/2019 - 14:39249
Share0

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира во услови на максимално подигнати безбедносни мерки за заштита од појава и ширење на вирусот на болеста африканска свинска чума во нашата земја и интензивирање на активностите на колење свињи во селските домаќинства тоа да се изврши крајно внимателно, со преземање сите безбедносни мерки пред се, за време, по колењето, конфекционирањето и подготовката на месото.

Добивај вести на вибер

-За да се елиминира секаква можност од евентуална појава и спречување на вирусот на африканска свинска чума и други болести, но, и заради лична заштита, неопходно е да се води сметка колењето на свињите да се изврши во ограден простор (најчесто двор), каде пристап нема да имаат други животни и домашни миленици. Површината на која ќе се врши колењето (бетонска или друг тип на површина која лесно се одржува), треба да може лесно да се измие со вода и да се дезинфицира, појаснуваат од Агенцијата.

Додаваат дека исклучително важно е оваа активност да се врши во присуство на што е можно помал број лица кои ќе бидат вклучени во колењето и конфекционирањето на месото. Пред почетокот да се изврши дезинфекција на облеката и алатот, а при колењето, лицата задолжително треба да носат заштитни ракавици.

Доколку пред почетокот на колењето, сопственикот на добитокот забележи дека свињите манифестираат симптоми на треска, проследена со исклучително висока телесна температура, слабост во нозете, повраќање и дијареја, појава на црвенило или сино обоени делови од кожата, најмногу околу носот и ушите, кашлање и тешко дишење, од Агенцијата наведуваат задолжително да се повика ветеринар од ветеринарното друштво кое се грижи за здравјето на животните.

Заради лична и заштита на животот и здравјето на членовите на поблиското семејство и на сите оние кои ќе го консумираат месото, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира сопствениците на свињи да повикаат ветеринар од ветеринарното друштво кое ќе направи проценка на исправноста на месото и неговата употребливост и од аспект на заштита од други болести.

-Да се спречи секаков контакт на домашните миленици и на другите животни на фармата со свињите кои се колат. Ним не треба да им се даваат ниту отпадоците од колењето како што се опашките, папците, цревата и некои од внатрешните органи. За да се спречи можноста остатоците од животните по колењето да бидат разграбани од други животни тие треба да се закопаат длабоко во земја, да се посипат со негасена вар и по можност да се затрупаат со камења, посочуваат од Агенцијата и додаваат дека е важно е по колењето да се изврши темелно чистење и дезинфекција со негасена вар или специјални дезинфициенси кои имаат широк спектар на делување против вирусите, не само на површината каде се вршело колењето, туку и на и во објектите каде се чувале животните.

АХВ укажува дека при процесот на колење на животните, покрај тоа што треба да се спроведе на хигиенски начин, задолжително мора да се води сметка и за благосостојба на животните и нивна заштита од болка и страдање.

ahv

Би можело да ве интересира

АХВ забрани увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија

Горан Наумовски10/06/2025 - 11:51

АХВ казни 14 месарници: Продавале небезбедна храна и ја занемариле хигиената

Горан Наумовски04/05/2025 - 15:30

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски21/04/2025 - 09:5021/04/2025 - 09:50

АХВ прави чистка пред Велигден: уништени месо, јајца, бои, ракија

Катерина Ѓуровски13/04/2025 - 10:06

АХВ и МВР во магацин во Маџари пронајдоа 40 тони небезбедни сувомесни производи

Катерина Ѓуровски24/03/2025 - 11:4724/03/2025 - 14:24

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети

Катерина Ѓуровски13/02/2025 - 13:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен