АХВ ќе добие донација во опрема и возила од ЕУ

Од:

Во Агенцијата за храна и ветеринарство денеска ќе бидат предадени опрема и возила, донација од Европската унија.

Донацијата е обезбедена преку проектот „Набавка на опрема за официјални контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство и опрема за граничната ветеринарна инспекција Блаце и Табановце“.

На промопредавањето ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски и раководителот на Секторот за соработка при Делегацијата на Европската унија, Никола Бертолини.

На настанот, како што е најавено, ќе бидат презентирани и започнатите активности за изградба и модернизација на инспекциските места за вршење на ветеринарна и фитосанитарна контрола на граничните премини Блаце, Табановце и Ќафасан.

Би можело да ве интересира

Уништена е над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

А1он

АХВ апелира до сопствениците: Чипирањето на кучињата e законски задолжително

Горан Наумовски

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра