АХВ: Енергетските пијалаци се безбедни и соодветно означени, не смее да се продаваат на малолетници

Од:

Денешната изјава на дополнителниот заменик-министер за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во врска со енергетските пијалоци е преполна лаги и невистини, реагира Агенцијата за храна и ветеринарство.  Оттаму посочуваат дека Николовски, како што се вели во реакцијата, бесрамно ги заплашува и вознемирува граѓаните на РМ дека Агенцијата за храна и ветеринарство не води грижа за нивното здравје.

– Очигледно е дека е потполно неук по прашањата кои се однесуваат на безбедноста на храната и пијалoците. АХВ повторно и одговорно тврди дека пијалоците се безбедни, лабораториски испитани и соодветно означени согласно македонските и европските прописи, а според Законот за трговија на РМ, член 24 децидно се забранува продажба на алкохолни, енергетски пијалаци и цигари за лица на возраст под 18 години, се вели во реакцијата.

Директорот на АХВ Зоран Поповски го повикува Николовски да престане да избегнува јавно соочување какво што избегнал оваа среда на веќе договорен ТВ дуел, и конечно да прифати отворена дебата за фактите, место, како што се вели, да ја дезинформира и манипулира јавноста со лаги и невистини.

Би можело да ве интересира

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски