АХВ апелира до сопствениците: Чипирањето на кучињата e законски задолжително

Од:

Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици кучиња да ја исполнат законската обврска за идентификација на своите миленици со микрочип и нивна регистрација во модулот за домашни миленици во информативниот систем на Агенцијата. По извршената регистрација, се издава и пасош за домашен миленик.

Од АХВ појаснуваат дека апликацијата на микрочипот е еднократна постапка, а миленикот го носи чипот до крајот на животот.

Микрочипирањето е основа за дефинирање на сопственоста на домашниот миленик, за обезбедување навремена и квалитетна здравствена заштита на животните и поголема безбедност за сопствениците, од аспект на пренесување на заразните болести од животните на луѓето.

Сопствениците што веќе ги имаат микрочипирано своите миленици се потсетуваат дека имаат законска обврска да ја пријават секоја промена на податоците за животното или за сопственикот во надлежното ветеринарно друштво, кое треба да ја ажурира електронската база на податоци.

Агенцијата за храна и ветеринарство посочува дека во базата на податоци треба да се евидентира и пцовисувањето, губењето или купопродажбата на животните.

Микрочипирањето на милениците, како што велат од АХВ, има цел трајна идентификација на животните, спречување нивно напуштање и контрола на нивното размножување, но и нивно полесно пронаоѓање во случај на губење или кражба.

Би можело да ве интересира

Кривична за Гоце Ѓорѓиевски од Крива Паланка – ги спречи службениците од АХВ да заловат крави

А1он

Спречен е увоз во Македонија нa 27 тони говедско мелено месо од Парагвај и 22 тони ореви од Казахстан

А1он

Подобрена безбедноста на храната во домовите за стари лица, информира АХВ

Уништена е над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

А1он

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски