Ахмети: Да се обединиме за решавање на албанското прашање во Македонија

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети бара обединување на Албанцте, кои треба заедно да го довршат решавањето на албанското прашање во Македонија.

Ахмети пред дијаспората во Минхен нагласи дека работите во Македонија сеуште не се завршени.

„Треба заедно да ја завршиме мисијата за решавање на албанското прашање во Македонија. Дојде време на помирување кое е предложено од ДУИ и мене.

– Јас сум ја надминал мојата гордост кога влегов легално во политиката. Кажав дека работите уште не се завршени, мисијата е се уште во тек“, изјавил Ахмети, а пренесе агенцијата ИНА.

Ахмети е на турнеја во дијаспората, на местата каде живеат Албанци, кои имаат македонски пасош. Тој ги повика да дојдат и да гласаат за локалните избори бидејќи овој пат, нивниот глас бил особено значаен.

Особено Ахмети лобира, да не се дозволи и овој пат да се поделат гласовите, и како што вели, Кичево да го освои Македонец.

 

 

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он