(ВИДЕО) Ахмети за „Монструм“: Имав информации дека не се само убиени, туку масакрирани

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го започна своето денешно сведочење во случајот „Монструм“ претставувајќи се како пратеник.

„За овој грозоморен настан дознав следниот ден од медиумите. Беше многу трагичен настан. Сигурно дека сум разговарал со многу луѓе, ако вреди за судот и за јавноста сите мои разговори нека се прикажат јавно. Нормално е дека не можам да се сетам на сите детали, но сум зборувал за да ја видиме вистината за настанот, бидејќи бевме вознемирени. Јас и како претседател на партија и пратеник имав грижа, тоа не беше лесна ситуација, сите на некој начин бевме исплашени од овој настан и да не дојде до некој судир. Сите разговори беа во тој поглед со моите соработници. На детали може да ме потсетите. Тоа беше многу лоша ситуација за сите и за мене, и како за човек и како партија сум се обидувал да дадам придонес да се расчисти ситуацијата. Сум разговарал со меѓународната заедница, сум барал помош од госпоѓа Нулан како помошник државен секретар на САД, како и од високи претставници на ЕУ. Одговорот на Нулан беше дека тие не можат да помогнат во овој настан. И одговорот на ЕУ и САД беше дека тие веруваат на ОБСЕ“, рече Ахмети.

Дали се сеќавате на разговор со Сафет Незири, праша обвинителката Фатиме Фетаи.

„Не само со Сафет туку сум разговарал и со многу други луѓе за евентуално да не бидат без вина обвинети. Не негирам дека сум разговарал со него. Добро би било судот и сите да знаат што сум зборел со него”, одговори Ахмети.

На 12.05.2012 година Ахмети од Сафет побарал да се формира паралелна комисија за расчистување со случајот. Фетаи праша што предизвикало сомнеж кај него за тој да побара паралелна комисија.

„Имавме потврдени и непотврдени информации дека може да се случат протести за овој настан и работите да излезат од контрола”, рече Ахмети.

„Два дена после настанот на соговорникот му велите дека убиените биле класично стрелани. Какви ви беа сознанијата?”, праша Фетаи.

„Информациите ги имав од органите, од институциите, бидејќи тие не биле само убиени туку масакрирани”, одговори Ахмети.

„Во еден разговор, на соговорникот му велите дека биолошкиот материјал не им припаѓа на луѓето во кои се сомневаат, со исклучок на луѓео кои не се тука. Како знаете кои се луѓето што се осомничени во овој дел од истрагата, со оглед на тоа дека во тек била предистражна постапка”, праша Фетаи.

„Секогаш сум повикувал без докази да не се обвинува никој. Тоа било прашање што сум го разговарал со секого“, рече Ахмети.

Сведочењето на Али Ахмети е во тек.

Сведокот Бујар Османи го потврди своето присуство, но најави дека ќе задоцни.

Судијата Огнен Ставрев на почетокот на денешното рочиште, изуми да им дозволи на медиумите да снимат инсерти од судењето.

На минатото рочиште за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, сведочеа поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот директор на БЈБ Љупчо Тодоровски – Радникот.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски