Ахмети: За крајот на неделата продолжение на политичкиот дијалог

Од:

ДУИ прави максимални напори за решавање на политичките проблеми и не отвора нови теми, а со тоа и нови проблеми за што плаќа огромна цена како партија, но е целосно решена да остане во процесот до решавањето на политичката криза во земјата, изјави денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој имаше средба со амбасадорите на ЕУ во земјата.

– За крајот на неделава закажано е продолжение на дијалогот помеѓу четирите политички партии. Беа побарани дополнителни два дена за внатрепартиски консултации и нивно позиционирање за следната лидерска средба за која очекувам дека ќе биде финална и која ќе придонесе да се зафатиме за реализирање на договореното и во пракса, изјави Ахмети.

Првиот човек на ДУИ рече дека посакува до крајот на неделава ставовите да се доближат и да се спроведат препораките од Брисел за унапредување на работата на сите државни институции.

Во однос на очекувањата дали е оптимист за изнаоѓање решение, лидерот на ДУИ рече дека може само да изрази надеж дека за сите учесници во преговорите приоритет ќе бидат интересите на државата, а не на поединечните партии и оти и во другите партии така приоѓаат на овој процес. Не би било добро за никого, рече тој, доколку на следната лидерска средба нема конкретен договор за затворање на сите прашања што била и пораката од амбасадорите на земјите членки на ЕУ, кои истакнале дека одговорноста за случувањата во земјата е на сите и оти очекуваат конечен договор.

– Беше искажана загриженост од сите амбасадори бидејќи според нив поради кризата се плаќа голема цена од страна на сите граѓани. Голем број странски инвеститори поради случувањата се повлекле од нивните намери за инвестирање во Македонија, а се откажуваат и многу туристички арнажмани што не е добaр знак за никого од политичките партии и граѓаните во Македонија, рече Ахмети.

На средбата, како што кажа, го покренал и прашањето за доближување на сите земји од регионот кој има потреба од мир и стабилност и кој е пред предизвик за решавање на многу други прашања. – Се надевам дека проблемите може да се надминат со меѓусебна комуникација и соработка, како што се проблемите што постојат помеѓу Македонија со Грција и Бугарија, рече Ахмети.

Меѓународната заедница, според него, со сите политички сили сака што побрзо да придонесе во решавањето на кризата во Македонија, но на денешните разговори беше истакнато дека Брисел нема време да се занимава само со Македонија туку има и други важни прашања во регионот и пошироко.

– Брисел покажа голема ангажираност во поглед на Македонија и ќе продолжи да учествува во процесот на политичкиот дијалог, но нема да наметнува решенија туку тоа останува обврска на политичките лидери кои учествуваат во процесот што поскоро да постигнат заеднички договор и заедно да работат во интерес на сите граѓани, рече Ахмети.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата