ВИДЕО: Ахмети „за“ коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателите и разграноците „против“

Од:

Уште еден ден до конечната одлука и се уште е неизвесно ќе формира ли Груевски Влада.

Централното претседателство на ДУИ во проширен состав со присуство на градоначалници, поранешни пратеници, претседатели на ограноци и други видни членови на ДУИ во Мала Речица во уште еден обид да пресечат и да му испорачаат на мандатарот дали одат со ВМРО-ДПМНЕ во коалиција.

Според партиски извори, Ахмети со дел од раководството смета дека во интерес на ДУИ е да ја продолжи коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, но потпретседателите, поголем дел од разграноците, градоначалници, сметаат дека ова ќе биде краткотрајно и на штета на партијата на Ахмети.

Противниците на коалицијата со Груевски велат дека не наседнуваат на лесни ветувања од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ чие нереализирање, донесе до преполовен рејтинг на изборите во декември, а дека на локалните избори би биле маргинализирани како партија

Свесни се дека двојазичноста, освен ако се оди на половично решение со закон и мандатот на СЈО не може да се изгласа, бидејќи и со пратениците на Тачи, бројката е далеку од потребните 81 глас во Законодавниот дом.

Вчерашните средби на Ахмети со партиските потпретседатели Теута Арифи, Невзат Бејта, Изет Меџити и Садула Дураку не ја расчистија ситуацијата.

Со кого во колаиција, ова е се уште прашање за кое нема одговор и единство во партијата на Али Ахмети.

Колкав е авторитетот на Ахмети, кој според партиски информации сака да оди со Груевски за да можат заедно да ги спроведат престојните избори ќе мора да се расчисти денеска, зошто утре истекува рокот Груевски да достави предлог владин кабинет и Програма за работа. Се разбира и да покаже дека има обезбедено подршка од 61 пратеник.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ