Ахмети за „Катимерини“: Република Северна Македонија или Горна Македонија

Од:

Потребен е компромис за решение на името, Република Северна Македонија или Горна Македонија е прифатливо за нас, Албанците, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за неделното издание на грчкиот весник „Катимерини“, јави дописникот на Канал 5 од Атина.

По средбите со грчките министри за надворешни и за одбрана, Али Ахмети ги објаснил своите позиции за еден од најтиражните грчки весници, Катимерини.

„ДУИ презеде иницијатива за динамично да се вклучи албанскиот фактор во процесот на изнаоѓање решение за името. Албанците во ФИРОМ се составен елемент и имаме и ние одговорност за нејзината судбина. Бидејќи не сме малцинство кое е дојдено од друга земја.

– Ние сме од таму и не интересира секој политички потег и секоја одлука, дали за името или за интегративниот процес и не оставаме некој друг да одлучува за нашата судбина. Колку што носи одговорност Никола Груевски, толку има одговорност и Муса Џафери како вицепремиер или јас како претседател на најголемата парија што ги претставува Албанците во земјата“, објаснува Ахмети.

ahmetiKatimerini

Според Ахмети е потребно сите и Брисел и САД да ги поддржат напорите на Нимиц, додавајќи дека за да се отворат вратите на НАТО и ЕУ, ние немаме друг избор освен решение, преку компромис.

„Верувам дека целиот политички врв во ФИРОМ знае дека имаме само 2 патишта. Изолација и интеграција. И јас сметам дека треба да го одбереме патот на интеграција а не на изолација, бидејќи изолацијата ќе не одведе до сиромаштија, разочараност, конфликти, регионални или меѓуетнички“, вели Али Ахмети за Катимерини.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата