Ахмети: За Албанците е прифатливо секое име што го одразува мултиетничкиот карактер

Од:

Македонија треба да остане на патот на евроатлантските интеграции и не се прифатливи какви било промени на границите во регионот, истакнал лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата во Виена со претседателот на парламентарната група на австриската Народна партија, Карлхајнц Копф.

Тој нагласил дека членстовто на Македонија во ЕУ останува приоритет на македонската влада, пренесува порталот ИНА.

Според него, Албанците во Македонија се заинтересирани што побрзо да се постигне комромис во спорот со името, со цел деблокада на интегративните процеси.

– За Албанците во Македонија е прифатливо секое име што го одразува мултиетничкиот карактер на државата, изјавил Ахмети, без да посочи конкретен пример.

Во рамки на разговорите за состојбите во регионот, Копф рекол дека е неприфатливо менувањето на границите на Косово затоа што промената на границите би предизвикало домино ефект за другите држави во регионот.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата