Ахмети: Во ДУИ нема раздор, Собранието функционира, а мнозинството е стабилно

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети тврди дека нема раздор во партијата и дека парламентарното мнозинство е стабилно и покрај тоа што пред два дена досегашниот координатор на пратеничката група Изет Меџити се повлече од таа должност, а на негово место дојде Арбр Адеми.

Ахмети, одоговрајќи на новинарско прашање на вечерашното одбечежување на 40-годишната од студентските демонстрации во Приштина, рече дека владејачкото мнозинство е стабилно и оти нема ништо загрижувачко во Собранието.

За отсуството на Меџити на вечерашниов настан, вели дека сигурно имал некои негови обврски.

– Тука беа пратеници, министри и повеќето беа присутни. Нема друга причина, нешто вонредно, тоа што не беше присутен. Парламентарното мнозинство навистина е стабилно, значи нема нешто загрижувачко внатре во тој дел, изјави Ахмети.

Парламентот не е блокиран, тврди Ахмети, освен некои закони кои опозициските партии ги блокирале на комисија што, според него, не е добро. Истакна дека ДУИ секогаш е отворена за компромис и дијалог.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата