Ахмети: Во 2001-та Георгиевски ми предложи поделба на Македонија

Од:

Челникот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети за албанските медиуми изјави дека во 2001 година за време на конфликтот во Македонија му било предложено поделба на Македонија, но тој таква поделба не прифатил, пренесе Макфакс.

Порача и дека од политиката ќе се повлече кога земјата ќе биде примена во НАТО.

Во емисијата „Опонион“ на албанската телевизија Klan, лидерот на тогашната бунтовничка Ослободителна народна армија (ОНА) Ахмети рече дека тогашниот премиер Лубчо Георгиевски му предложил поделба на Македонија, но водачот на ДУИ оценил дека поделбата би била штетна за Албанците, но и за Македонците.

Додаде дека поделбата која му се нудела тогаш била според планот на Георгиевски. според кој Тетово, Гостивар, Зајас и дел на Дебар би биле во Албанија, додека Липково дел на Косово, додека 60 илјади Македонци според истиот план би биле иселени од делот кој би припаднал на Албанија.

Но според Ахмети, 250 илјади Албанци би останале во другите делови на Македонија каде што живеат. „Тогаш реков ’не’ на таквата поделба, и тоа не како политичар туку како обичен човек. Решението треба да се бара во рамноправноста на Македонците и Албанците во Македонија“, додаде Ахмети.

Лидерот на ДУИ исто така ја изнесе оценката дека Албанците и Македонците не треба да се за поделба на Македонија туку за интеграција на земјата.

На прашањето на познатиот албански водител на емисијата Опинион, Бленди Фејзиу околу неговата политичка кариера и евентуалното напуштање на лидерската функција од ДУИ , Ахмети истакна дека тој ќе се повлече од политиката во моментот кога Македонија ќе биде примена во НАТО.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ