Да ги почитуваме постигнатите договори, да успееме заедниците во оваа држава да бидат господари на нивните судбини, да не ни пречи ниту јазикот, ниту културата на другиот. Скеое унапредување на јазикот и културата на другиот е напредок на државата. Колку е полојална државата кон граѓаните толку полојални се граѓаните во државата. Имаме уште многу да направиме и ќе направиме.
Ова е пораката што лидерот на ДУИ Али Ахмети ја упати на денешната конференција на тема „По Охрид“, по повод 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
– Целосната имплементација и примена на Охридскиот мировен договор, на Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија да се применат од точка до точка сите обврски да бидеме бескомпромисни во борбата против корупцијата и криминалот. Ние Европа ја имаме блиску на прагот, но задачите треба да ги направиме сами. Ние сме земја членка на НАТО, ние треба да ја избришеме во нашите глави таа класична автономија или независност. Нема класична автономија или независност кога влегуваш во сојузништва и пртнерски односи со ЕУ и треба да ги примениш нормите, правилата на сите. Колку си мал стануваш голем. Ние сме сега исто како најголемите во НАТО, но ние треба да поставиме НАТО стандарди, бидејќи ние сме барале да станеме членка на НАТО. Сигурен сум дека можеме да постигнеме, нагласи Ахмети.
Истакна дека имаат големи историски одговорности, и како политичка партија да работат со луѓето да ги надминат пресдсрасудите.
– Уште во оваа држава има стереиотипи и предрасуди. Се уште има заинтересираности кои се мотивираат од идеологии и држави кои не сакаат нашата држава да напредува, туку сакаат нивни влијание да доминираат во нашата држава. Ние немаме друга алтернатива, рече Ахмети.
Во својот говор се осврна и на времето пред да се потпише Охридскиот рамковен договор.
– Беше една прилика посебна прилика се изненади не само државата туку и меѓународната заедница што се случува едно утро во Република Македонија. Нормално јас припаѓав на студентската организација и движење, нема студентско движење на земјината топка кое сака воени дејствија. Секаде студентските движења се мировни, прогресивни, за демократија, за автентична и вистинска демократија, за консенсуз и дијалог, и јас припаѓав и бев еден од организаторите на ова студентско движење кое ги водеше овие развои во 81-82 година. Нашите тогашни барања се задушија со железо, со крв. Се затворија стотици студенти, илјадници студенти. Тоа време ние поставивме барање да се школуваме во нашата држава во Скопје да се отвори универзитет на албански јазик, рече Ахмети.
Сите наши барања, додаде, беа наградени со затвор, со убиства, со репресии, со апсења, и се роди плурализмот, во 90-тите години.
– Токму ние како водачи на студентските движења имавме направено и политичка организација и со еден весник, единствен опозициски весник во тогашната Југославија. Единствена организација опозициска која бараше правда, еднаквост демократија за сите граѓани. Но, не ни беше овозможено да дејствуваме легално, и потоа се појави легалното движење, ние го поддржавме тоа движење со најдобра намера дека ќе се случат измените дека ќе има унапредувања, но се разочаравме, рече Ахмети.
Нагласи дека во нашата земја тогаш се повредил Уставот кој порано и Албанците ги препознавал и признавал како коснтитутивен елемент на државата, еднакви права за сите, иако за жал, како што рече, тоа беше само на хартија и тие што беа на хартија се елиминираа.
– Албанците, не само ние, како претставници на тоа движење за отпор во тоа време, но и Албанците генерално се разочараа. Почнаа преку протести, граѓански револти да бараат високо образование во нивната матична земја. Овие барања ист осе задуштија со крв. Почнаа протестите за националните симболи и исто така се задушија во крв. Албанците бараа не оружје, бараа образование, не бараа тенкови, бараа книги за да учат. Албанците бараа етнички симболи кои порано дури во социјализмот ги имаа, а не бараа барут, истакна Ахмети.
Лошото, вели тој, се случи, револтот се зголеми и биле во ситуација дали состојбата ќе се стави под контрола.
– Не беше лесно ниту за мене ниту за моите соборци бидејќи оваа држава беше позната како оаза на мирот и поради албанските претставници дотогаш кои не успеаја значително да ја убедат меѓународната заедница работите да одат подобро и да се унапредат. Иако свесни бевме дека Албанците овде беа маргиналзиирани во Собранието и само беа еден сервис и служба и само што шепотеа тоа што се зборуваше од горе. Војната не можеше да биде сопрена и немаше да биде запрено ова движење. Но, работата беше дека насоката требаше да биде добра и правилна, рече Ахмети.
Сигурен сум, додаде лидерот на ДУИ, дека НАТО, ЕУ, САД, разбраа дека во оваа земја работите ќе одат во лоша насока, надвор од контрола и дадоа овластувања на претставници за да почнат преговори и да не ни се повтори БиХ и Косово. За ова, според него, најголема заслуга има НАТО сојузот.
– Во оваа фаза, почетна, и јас бев во многу тешки позиции за да дадам или пред меѓународната заедница и домашната јавност, платформата за која ние ја бараме. Требаше една добро подготвена платформа и национално и меѓународно заштитена процесирана добро обмислена и напишана. Неколку драфтови кои ми ги носеа неколку правници не покриваа тоа и главниот штаб што го баравме. Тогаш преку неколку пријатели стапивме во контакт со експерти од правната сфера, но и на меѓународните законски одредби, Пол Вилијамс на кого сум му многу благодарен, сме се сретнале, сум го слушал со часови, пак сме се сретнале, повторно сме размениле мислење, потоа повторно средба по средба исе направи еден добар предлог со кого јас се согласив ако се сеќава Пол Вилијамс сум го потпишал и со име и презиме и со потпис дека тоа решение го прифаќам. Целосно сум го прифатил мировниот договор во Охрид и за ова се сведоци сите претставници на НАТО и ЕУ, рече Ахмети.
Нагласи дека поминале низ многу потешкотии и премрежја.
– Најголемата потешкотија која ќе беше трагична и за Албанците и за Македонците ќе беше поделбата на оваа држава. Тогаш, пред 20 години и оваа опција беше на маса и јас ќе бидам благодарен на НАТО, Вашингтон и Брисел дека најдовме сила, поддршка против оваа трагична опција со непредвидливи последици за нашите граѓани, заклучи Ахмети.