Ахмети телефонски разговорал со Хан

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во телефонски разговор со комесарот за проширување Јоханес Хан, изразил подготвеност за спроведувањето на Договорот во Пржино, кој гарантира слободни, демократски и веродостојни избори за сите граѓани, информираат од ДУИ.

– Го уверив комесарот Јоханес Хан дека ДУИ останува целосно посветена во спроведувањето на Договорот во Скопје и на крајните подготовки за спроведување слободни, демократски и веродостојни избори, истакнал Ахмети.

Тој му се заблагодарил на Хан за неговата голема посветеност за решавањето на кризата. – Ја повторив нашата определба да не дозволиме било каков центар да не отстапи од патот на демократијата и јакнењето на структурните реформи, додал Ахмети.

Комесарот Хан, како што се вели во соопштението, изразил подготвеност да помогне во овој процес кон целосна имплементација на Рамковниот Договор.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански