Ахмети: Македонија има многу поважни работи отколку предвремени парламентарни избори

Од:

Денешниот ден е важен за сите граѓани, за институциите, за демократијата. Денеска демонстриравме демократија, процес за влез во НАТО и ЕУ. Овој процес значи реформа за затворање на прашањето со Грција. Вечерва сакаме да кажеме дека Собранието треба да ја донесе таа важна одлука за Договорот со Грција. Ние ќе гласаме за. Во изборите во 2016 година кажавме дека сме за НАТО и сите сакаме да влеземе во НАТО и ЕУ. Ние затоа го добивме тој мандат за да влеземе во НАТО, затоа што друга алтернатива немаме. Референдумот е консултативен, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

На прашање што ако не се реализираат уставните измени, дали ДУИ е за предвремени парламентарни избори, Ахмети рече Македонија има многу поважни работи отколку предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик