Ахмети: Сега е моментот за решавање на спорот со името

Од:

На денешната средба со новинарите, лидерот на ДУИ Али Ахмети во претставништвото на партијата во Тетово, посочи дека токму сега е време Македонија да изнајде решение за надминување на спорот со името, бидејќи земјава има голема потреба од членство во НАТО и во Европската Унија.

„Нашиот коалициски партнер ВМРО – ДПМНЕ не се залага за јавна дебата по прашањето за спорот со името, а ние, напротив, се залагаме. Во спорот воопшто не се разговара за идентитетот и за јазикот, туку само за името.ВМРО – ДПМНЕ инсистира на уставното име, но очигледно тоа не поминува, затоа е потребен дијалог, преку кој би се дошло до компромис, што, пак, значи решавање на проблемот“, рече Ахмети.

ahmeti (1)

Разговорот со новинарите првиот човек на ДУИ го заокружи порачувајќи дека Македонија во иднина ја гледа како земја на Охридскиот рамковен договор, како економски силна членка на НАТО и на ЕУ, со граѓани што имаат еднакви права.

Г.М.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански