Ахмети се сретна со претставници на ОБСЕ

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Скопје имаше средба со специјалниот претставник на ОБСЕ за Западен Балкан, амбасадорот Герард Стоудман и со високиот комесар за правата на заедниците, Астрид Торс.

Како што е наведено во соопштението од ДУИ, Ахмети изразил благодарност за конструктивниот придонес на ОБСЕ и меѓународната заедница за надминување на оваа многу тензична ситуација во Куманово.

Ахмети побарал поголема соработка и регионална комуникација за сите прашања бидејќи, како што се посочува во соопштението, насилството и нестабилноста не се во интерес на никого.

Од ОБСЕ изразиле загриженост во врска со политичката криза и безбедносната ситуација во земјата и притоа ја истакнале подготвеноста да помогнат во надминување на состојбата.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата