Ахмети се сретна со новиот кинески амбасадор во Македонија Џеншун

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети во седиштето на партијата во Тетово се сретна со новиот кинески амбасадор во Македонија Вен Џеншун.

Амбасадорот на Кина, како што соопшти денеска ДУИ, изразил интерес за политичките случувања во земјата, спроведувањето на Охридскиот договор и владеењето на правото. Соговорниците, исто така, разговарале и за конкретни инфраструктурни проекти, како и можностите за кинески инвестиции во Македонија.

Претседателот Ахмети се осврнал на политичките случувања во земјата, истакнувајќи ја притоа потребата за постигнување компромис со јужниот сосед околу спорот за името кој, како што рекол, ќе ги деблокира интеграциските процеси

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата