Ахмети се сретна со новиот холандски амбасадор Пломп

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, и новиот холандски амбасадор во Македонија, Ваутер Пломп, на денешната средба разговарале за политичките случувања и имплементацијата на договорот од 2 јуни, предвремените парламентарни избори, како и интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.

Ахмети, како што соопшти ДУИ, зборувал за предизвиците кои се испитуваат во работните групи за спроведување на обврските што произлегуваат од договорот од Пржино и ги соопштил позициите на ДУИ.

– Што се однесува на активната регистрација на гласачите, овој поттик е спротивен на духот на гарантирање на правото на глас за секој граѓанин, додека ДУИ се ангажира за транспарентно административно расчистување на листата на гласачите со проверки на терен, стои во соопштението од ДУИ.

Партијата, рекол Ахмети, ја поддржува имплементацијата на договорот како целина и нејзиниот заклучок што е можно поскоро така што, како што се наведува, на земјата да и се врати политичката стабилност и да се фокусираме на Евроатланската интеграција и решавањето на спорот со името.

Ахмети искажал надеж дека тимот на специјалниот обвинител ќе работи чесно и со прецизност додека ДУИ ќе го поддржи процесот целосно.
Соговорниците разговарале за меѓуетничките односи како столб на стабилноста на земјата. Ахмети се заблагодарил за поддршката што холандската влада ја дава на имплементацијата на Охридскиот договор.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата