Ахмети се сретна со норвешната парламентарка Аникен Хуитфелд

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово ја прими претседателката на Комисијата за надворешни работи и одбрана на норвешкиот Парламент, Аникен Хуитфелд.

Како што соопшти ДУИ, Ахмети и Хуитфел разговарале за актуелната политичка ситуација, спроведувањето на договорот од јуни и јули, евроатланската интеграција, билатералните односи и норвешките инвестиции во Македонија.

Ахмети нагласи дека иако со одредени одложувања, договорот е спроведен во неговите клучни точки и оти очекува и останатите делови наскоро да се реализираат.

Претседателот на ДУИ ја посочил потребата од обновување на меѓународното внимание и политичките локални концентрации во решавањето на прашањето за името, како единствена препрека за членство на Македонија во НАТО.

Евроатланскиот процес, како што посочил, обезбедува добри меѓуетнички и соседски односи, безбедност и стабилност, како и економски развој и странски инвестиции.

Ахмети, како што се додава во соопштението, изразил благодарност до норвешките државни компании кои раководат со слободната економска зона во Тетово, каде веќе се обезбедени четири странски инвестиции кои ќе отворат илјадници работни места. Тој во оваа пригода ги покани норвешките компании да инвестираат во подрачјата во Тетово, Струга и Кичево.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“