Ахмети се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово, се сретна со холандскиот амбасадор во Македонија, Вилем Ваутер Пломп.

Од партијата соопштија дека Ахмети и амбасадорот Пломп разговарале околу процесот на организирање и одржување на изборите на 11 декември, задачите на новата влада, како и за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ заедно со целосната имплементација на Охридскиот договор.

Ахмети се осврнал на потребата за одржување веродостојни и прифатливи избори.

Ахмети рекол дека идните приоритети на новата Влада мора да бидат решението на спорот за името кое овозможува евроатлантска интеграција, владеење на правото и бараните реформи од меѓународната заедница заедно со рамноправноста и решавање на прашањето на официјалната употреба на албанскиот јазик.

Од партијата посочуваат дека на средбата Ахмети го информирал Пломп за „тешкиот период со кој земјата и регионот се соочуваат, како и за активностите на различни центри да ја искористат кризата со цел да се пренасочи земјата и регионот од евроатлантската ориентација“.

НАТО останува непосреден приоритет на лидерот Ахмети и ДУИ и ќе се ангажира за реализација на заедничките цели кои ги има со меѓународната заедница, стои во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата