Ахмети се сретна со амбасадорот на ОБСЕ, Брет

Од:

Парламентарните и претседателските избори, евроатлантската интеграција, како и судскиот процес за случајот Смилковско езеро биле теми на денешната средба на амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Ралф Брет со лидерот на ДУИ Али Ахмети, во седиштето на партијата во Тетово.

Како што соопштуваат од ДУИ, на средбата амбасадорот Брет му ја честитал победата на Ахмети на изборите од 27 април и навел дека ОБСЕ е подготвена да соработува со локалните власти за надминување на точките кои се наведени во извештајот на меѓународните организации за изборите.

Ахмети, во однос на одлуката на ДУИ, да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ потенцирал дека партијата одлучила да се фокусира во изнаоѓањето напредок во една единствена точка до крајот на оваа година, а тоа е евроатланската интеграција на земјата и регионот.

– Ахмети се изјасни дека страните разговараат околу усогласувањето на платформите како и за подготовка на заедничка владина програма, додека пак поделбата на власта и начинот на фукционирање на коалицијата ќе се договара на крајот. Но, од сите овие фази, за ДУИ поголема важност има првата точка на договорот со кој се става акцент на евроатлантската интеграција на земјата во пресрет на самитот на НАТО, извештајот за напредок на Македонија од Европската Комисија за проширување и самитот на земјите членки на ЕУ, стои во соопштението во кое се отфрлаат сите шпекулации во медиумите за поделбата на ресорите.

Ахмети, се наведува, побарал од Мисијата на ОБСЕ да продолжи да го следи судењето околу случајот Монструм со цел сите страни се осигурат во еден фер и праведен процес, базирани врз факти. Амбасадорот Брет го убедил Ахмети дека ОБСЕ внимателно го следи судењето, се посоќува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

Политички судир: ДУИ бара одговорност од Меџити за спорна исплата

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата