Ахмети се сретна со амбасадорот на мисијата на ОДИХР во Македонија, Петерсен

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, се сретна со амбасадорот на мисијата на ОДИХР во Македонија, Јан Петерсен.



Од партијата соопштија дека Ахмети и Петерсен дискутирале за референдумот на 30 септември, Договорот од Преспа, како и за политичката ситуација во земјата.



Ахмети го информирал амбасадорот Петерсен дека Демократската унија за интеграција е посветена за успешно одржување на референдумот и дека веќе има основано Централен штаб, како и 35 општински штабови, додека кампањата на терен ќе ја почне утре со првата средба со граѓаните во Тетово.



Ахмети зборувал за важноста на референдумот што претставува можност конечно граѓаните да се определат за евроатланска интеграција на Македонија, имајќи предвид дека речиси две децении последователно, над 80 отсто од граѓаните го подржуваат членството во НАТО и Европската унија. Тој ја искористил можноста уште еднаш да ја повика опозицијата да излезе на 30 септември и да стане дел од заедничкиот успех.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад