Ахмети: СДСМ да се врати во Собрание, ДУИ ќе им биде партнер

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Амбасадата на Германија во Скопје се сретна со делегацијата на парламентарната група за соработка со Југоисточна Европа на Бундестагот предводена од пратеникот Петар Вајс, како и со амбасадорката Кристине Алтхаузер.

Ахмети на средбата побарал заложби од Германија за заедничка средба на македонскиот и грчкиот премиер со цел надминување на прашањето за името.

„Ахмети нагласи дека Македонија ја чека уште многу работа во однос на владеењето на правото, борбата против корупција, слободата на медиумите итн, но иако ги исполни сите овиe услови, без решавање на спорот со Грција, нема да се зачлени во НАТО ниту да започне преговори со ЕУ. Затоа улогата на Германија, започната со конференција во Берлин минатата година, треба да биде клучна за седнување на зедничка маса на премиерите Груевски и Ципрас за решавање на ова прашање што е можно поскоро“, се вели во соопштението од ДУИ.

„Mестото на СДСМ е во Собранието, каде ќе најдат партнер во ДУИ“, вели тој.

По објавувањето на случајот „Пуч“, според Ахмети, Брисел што поскоро треба да делегира силен политички и експертски тим во државава.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански