Ахмети призна дека преговарал со терористичката група, а Груевски бил информиран

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат-м, опширно објаснуваше за настаните во Куманово. Тој призна дека имал контакт и преговарал со терористичката група да се предаде.

Лидерот на ДУИ кажа и дека за акцијата дознал во 5 часот утрината, а подоцна му се јавил и еден од вооружените од групата, и барал да помогне да се направи коридор да може да си заминат. Ахмети му одговорил дека тешко може да изведе таква акција и дека тоа не зависи од него. Подоцна договорил да се предадат.

„Јас морав да го направам тоа што морав, направив да се предадат, зашто немаше да биде добро за никого“, рече Ахмети.

Тој посочи дека за неговиот контакт го информирал ОБСЕ, а и а премиерот Никола Груевски, кој не верувал дека терористите ќе се предадат.

Ахмети во интервјуто кажа дека има информации зошто и како се нашла групата во Куманово, но рече дека нема ништо да открие се додека не се потврди што е точно, а што не од тие информации.

Улогата на Али Ахмети како преговарач досега беше непозната, екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на прес конференција рече станува збор за успешно спроведена акција на припадниците на МВР.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он