Ахмети: Поблиску сме до реализирање на вековните стремежи за слобода и еднаквост

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети изјави дека 115 – годишнината од Илинденското востание во Крушево не наоѓа поблиску од кога било до реализирање на вековните стремежи за слобода, мир и еднаквост.

– Македонци, Албанци, Власи и други се обединија во борбата за правата кои што им беа ускратени. Со визија за иднината и еднаквоста како почетна мисла, тие ги поставија темелите на нашето денешно општество. И денес како и пред 115 години, заедно ја градиме државата во преродбеничкиот дух кој што ја определи нашата припадност кон западот, се наведува во писмената изјава до медиумите на Ахмети.

Посебните денови како денешниот, се наведува натаму, да ни послужат како мотив да се соединиме во последните чекори на нашиот долг пат и да го реализираме вековниот сон на нашите граѓани.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он