Ахмети: Остануваме ангажирани за спроведување на реформите и отворените прашања

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска по средбата со европратениците Едуард Кукан и Иво Вајгл изјави дека ДУИ целосно останува ангажирана во спроведување на реформите и ва решавање на проблемите, како што е прашањето со името и другите прашања што остануваат да се решат со соседните земји.

– Храбро ќе бараме и ќе работиме во правец на спомнатите реформи не само во судството, туку и на други полиња и ќе бидеме бескомпромисни во борбата против коруцијата и организираниот криминал како вредности кои не само што ги бара ЕУ, туку како вредности кои не оплемненуваат и засилуваат нас како држава. Ова останува наша определба и како што вам ви го кажувам ова им го кажав и на европратениците за тоа да го пренесат во структурите на Европа, рече Ахмети.

Ахмети, како што кажа, им се заблагодарил на Вајгл и Кукан за досегашната помош и идните ангажмани за развој на процесите во РМ, како и помошта што ќе ја даваат во правец на интеграција на нашата земја во ЕУ и засилување на реформскиот процес посебно во владеењето на правото како итна потреба.

– Јас верувам во зборовите на нашите пријатели и господинот Кукан и господинот Вајгл, зашто постојано беа ангажирани нашата земја да добие заслужено место меѓу земјите на ЕУ, изјави Ахмети.

Лидерот на ДУИ им го честита денешниот празник Курбан Бајрам на сите верници од муслиманска вероисповед.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче