Ахмети од утре во официјална посета на Косово

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во понеделник ќе реализира официјална посета на Приштина, на покана од заменик премиерот и министер за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи.

За време на посетата на Косово, Ахмети ќе се сретне и со косовскиот премиер Иса Мустафа и претседателот на Собранието Кадри Весели, но и лидерите на опозициските партии на Косово.

Ахмети исто така е поканет и од страна на Институтот за Демократски Развој (Д4Д) и Групата за Истражување на Политики на Балканот (БПРГ) за да дебатира со цивилното општество на Косово и претставниците на дипломатскиот кор во Приштина на тема: Што ја очекува Македонија, Албанците и регионот.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата