Ахмети од Струга: Скендербег го донесовме во Скопје, зошто не може и премиер Албанец

Од:

Ќе има црвени линии за секој кој ќе посегне да го наруши или негира Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, изјави вчера претседателот на ДУИ, Али Ахмети на средба со граѓаните на Струга.

Во својот говор тој воедно порача дека има луѓе кои се скептични за идеите на ДУИ, има луѓе што не веруват дека може да имаат успех, но истакна дека не можат сите да ги убедат дека некој факти постојат.

– Сите вие знаете дека Албанците сонуваа за еден Скендербег да биде во еден мал дел на ова земја, и да го прашавте некого пред 30 години дека нашиот национален херој ќе биде поставен во центарот на Скопје, ќе ни одговореше дека паметот не напуштил. Денес имаме споменици на Иса Болетини и Хасан Приштина, и да кажеше некој пред извесно време дека Талат Џафери, претседатеот на Собранието ќе го дигне знамето на НАТО, кој ќе веруваше дека тоа ќе е еден командант на Ослободителна народна армија. Премиер албанец не може? Зошто не може? Никој не ми дава одговор, додека нозете им се тресат од ова идеја, рече Ахмети на средба со граѓаните на Струга.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Обвинителството молчи за дивоградбите во Чаир

Влен: Граѓаните со години гледаа како неколку луѓе крадат и се збогатуваат, додека ДУИ чуваше стража

Горан Наумовски

ДУИ: Го предизвикуваме Меџити да се откаже од функциите и да излезе на избори без привилегии на власта

ДУИ: Македонија не е, и никогаш нема да стане „третата српска република“

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

ДУИ: Единствениот Албанец од вкупно 12 во Комисијата за наградата „8 Септември“ се предлага самиот себеси за добитник