Ахмети: Новите генерации да ги преземаат обврските на овој век

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети, придружуван од колегите, вечерва ги продолжи средбите со граѓаните на општина Боговиње. Пред присутните, покрај претседателот Ахмети, се обратија и градоначалникот на општината и првиот човек на огранокот на ДУИ во Боговиње Бесник Емшиу, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и претседателот на Советот на општината. Илир Елези.

– Како резултат на пандемијата немавме можност да ја продолжиме традицијата на нашите граѓански средби со партиските структури и граѓанско општество за да разговараме како да ги реализираме нашите општествени цели. Затоа, со работа во новиот век мора да се занимаваат генерациите на новиот век, тие мора да преземат одговорност за работата што треба да се направи.

Затоа, очекуваме квалитет во образованието, здравството, инфраструктурата и поквалитетен начин на живот. Ова е нов век со многу нови промени, вклучително и климата, затоа мора да се посветиме на здравиот начин на живот. Кога зборувам за зачувување на животната средина мислам на нашите реки кои се полни со ѓубре кои влијаат на исчезнување на вегетацијата и богатството на природата, тоа е предупредување за министерот за животна средина и просторно планирање, но и за граѓаните кои треба да бидат повеќе свесни.

Денес имаме универзитети, средни и основни училишта, имаме болници. Повеќе не сме тоа што бевме пред 20 години. Порано во болниците имавме многу малку специјалисти Албанци, но денес имаме многу лекари специјалисти. Сега ни е потребна квалитетна и современа медицина затоа што само така ќе ги исполниме стандардите кои е ќе не доближат до Европа. 20 години бевме клучен фактор во факторингот на државните прашања, креиравме политики со нула проблеми со нашите соседи како што е прашањето со Грција или Бугарија. Да се радуваме на овие историски моменти заедно сите Албанци и Македонци, бидејќи ова небо е заедничко како што ја делиме и оваа земја. Ние сме со нашите македонски сограѓани, ние сме за косовско-српскиот проблем да се реши и да се изнајде меѓусебно решение, иако тоа не е лесен процес.

Проектите на овој нов век се Коридорот 8, а Шар Планина сега е Национален парк. Наскоро ќе почне да се работи на Коридорот 8, како и автопатот што ќе ја поврзе Албанија со нашата земја со границата кај Дебар, во тек е и железницата која го зајакнува Коридорот 8. Сите инвестиравме за одржлив мир, војната помеѓу Русија – Украина е неправедна и нечесна, затоа мислиме и цениме дека Украина ќе ја победи, но ќе има последици за цела Европа. Сепак и во ова време на криза нашите министри успешно ја менаџираа целата ситуација во државата, изјави Ахмети.

Би можело да ве интересира

Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Орце Костов

Ахмети и Села потпишаа коалиција

Мендух Тачи и Аријанит Хоџа се приклучија на Европскиот фронт на Ахмети, се чека крилото на Села

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Ахмети и Реџепи потпишаа коалиција: „Европскиот фронт“ ќе биде носител на промени, „да“ за ЕУ, „не“ за Русија

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

Орце Костов