Ахмети-Незири за „Монструм“: Какви луѓе се осомничените, дали убиените имаат роднини во полиција

Од:

На четврти ноември продолжува судењето за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година, со читање на СМС комуникација и разговори од „бомбите“, докази предложени од Обвинителството.

На денешното рочиште за „Монструм“ во еден од аудио разговорите што беа пуштени, лидерот на ДУИ Али Ахмети го прашува Сафет Незири за информации за уапсените за кои за двајца вели дека се добри луѓе додека за еден дека е бандит. Ахметии го прашува Незири дали петтиот убиен (рибарот) е во роднинска врска со сопственикот на езерото, а тој му вели не, туку само се познавале и дека момчињата немале блиски роднини во МВР.

Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Би можело да ве интересира

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски

Сослушани сведоци на одбраната во случајот за протестите за „Монструм”

Ана Ололовска

Косово без одговор за екстрадицијата на Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор во случајот „Монструм“

Судењето против обвинетите за протести за случајот „Монструм“ продолжува на 19 април

Ана Ололовска