Ахмети не сака да ги слуша „бомбите“ на Ел Чека

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели дека не ги слушал, ниту сака да ги слуша снимките од разговорите кои ги објавува Ел Чека, а кои се однесуваат на функционери на ДУИ. Во обраќање на прославата од 17-годишнината од постоењето на партијата, Ахмети ги повика надлежните органи да постапат бидејќи снимките биле нелегални.

„Бомбите не сум ги слушнал и не сакам да ги слушам. Нека објави официјални разговори, да видат сите кој е Ахмети, а не приватни. Органите на прогонот нека се занимаваат со случајот“, рече Ахмети.

Ахмети ги избегна новинарите и не застана да одговори на новинарските прашања, ниту пред, ниту по завршувањето на настанот на кој присуствуваа повеќе функционери на ДУИ, меѓу кои актуелни и поранешни министри, пратеници и градоначалници.

Меѓу министрите беше и Садула Дураку кој неофицијално е еден од министрите што ќе ги опфати „метлата“ на Заев. На прашање на „А1он“ дали ќе го смени министерското место од животна средина со друга функција Дураку вели дека не знае.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански

Спречен крвав план: Најдени се пиштоли и автоматскa пушкa кај група која планираше одмазда за осудени терористи

Горан Наумовски

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните