Ахмети: Не разбравме што сакала групата од Куманово и кои биле нејзините цели

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека не гледа опасност од нови меѓуетнички тензии во Македонија и во регионот по престрелката во Куманово.

Во интервју за неколку странски весници тој го повторува својот став дека не постојат никакви основи за нов конфликт, но посочува дека се уште не е јасно кои биле целите и мотивите на вооружената група терористи. Посочува дека излезот на партијата ДУИ од владата не е тема и само истрага може да утврди што се случуваше во Куманово.

– Ако веднаш би излегле од владата, тоа само би ја заострило кризата. А ние не го сакаме тоа. Нашата партија има цел политичката криза да биде надмината преку дијалогот што се води помеѓу најважните политички партии во земјата. Ние сме за разговори. Во овој дијалог треба да бидат опфатени најкритичките точки како слободата на медиумите и реформа на судството. ДУИ цврсто стои на целта за евроатлантска интеграција, а очекуваме Брисел и Вашингтон да не поддржат во дијалогот – одговара тој.

Ахмети потврдува уште еднаш дека се познавал лично со дел од вооружената група, но тврди дека тоа се поединци кои немаа никаква врска со УЧК затоа што, вели, оваа милитантан организација беше демобилизирана во 2001 година.

– Досега ни ние не разбираме целосно што сакала оваа група Албанци, кој ја организирал и помогнал. Потребна е темелна истрага според меѓународни стандарди. Кога вистината ќе излезе на виделина, ќе биде од корист на сите нас, Косово и Македонија – изјави Ахмети за германски „тац.ди тагесцајтунг“.

Тој одбива да ги коментира изјавите на извори од косовската влада кои тврдат дека свои прсти во Куманово има вплеткано македонската тајна служба, дека имало четири средби меѓу македонски агенти и луѓе од групата во Куманово. Сепак, пренесува „Тац“, лидерот на најголемата албанска партија во Македонија не сака да ја исклучи и теоријата според која македонската тајна служба преку кумановската акција имала за цел подгревање национални конфликти во Македонија и регионот. Ахмети инсистира на откривање на целата вистина.

– Националната ослободителна армија УЧК беше демобилизирана во 2001 година кога го склучивме Охридскиот мировен договор, кого го акцептираа сите членови на УЧК. Луѓето кои сега во своите активности можеби се повикуваат на УЧК, тоа го прават во својство на поединци, не можат да зборуваат во име на органзацијата и не дејствуваат во согласност со решенијата од 26 септември 2001 година за демобилизација на УЧК. Од нив некои биле поранешни членови на УЧК, но тоа не значи оти ние поддржуваме некои цели кои се спротивни на она што заеднички го усогласивме со Охридскиот договор. Настанувањето и целта на оваа група остануваат загатка. Не сакам да учествувам во теории на заговор, во моментов во регионот се во оптек многу дезинформации – посочува тој.

Ахмети смета дека е можно Русија да прави напори за свое влијание во Македонија, но, вели, Москва нема да има успех во тоа, зашто е во спротивност со желбите на големото мнозинство граѓани на Македонија.

– Мене ме загрижува зошто Москва направи тема од ова во Куманово? Рускиот министер за надворешни работи Лавров изјави оти евроатлантското проширување во Балканот е провокација за Русија. А пред неколку дена Лавров, при посетата во Србија, тврдеше дека инцидентите во Македонија се провоцирани од НАТО, ЕУ и Вашингтон. Тоа изричито го отфрлам. Сите наши граѓани, Македонци и Албанци, јасно покажаа желба за приклучување кон НАТО и ЕУ. Не бараше ЕУ Македонија да и пристапи, туку Македонија бара влез во ЕУ – вели тој.

Ахмети ја отфрла потребата од нов договор за регулирање на соживотот меѓу Македонците и Албанците и вели дека „секој обид за создавање нов договор, би бил чекор наназад.“

Би можело да ве интересира

ДУИ: Партнерите од ЛЕН се понижуваат за да му се допаднат на премиерот

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

ДУИ: Мицкоски е политичар кој ја има изградено својата кариера врз омраза, исклучивост и национализам

Горан Наумовски

Влен: Нема да молчиме пред клеветите, тука сме да ја изнесеме вистината на виделина

ДУИ: Прво Коридорот 8 го прогласија за закана по националниот идентитет, а сега се фалат со него

ДУИ: Нашиот глас ќе се слушне, Охридскиот договор нема да се погази