Ахмети не поддржува размена на територии меѓу Србија и Косово

Од:

Размената на територии меѓу Србија и Косово која ја предложил српскиот премиер Ивица Дачиќ како идеја не им се допаѓа на политичките лидери на Албанците, истакнаа претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој на гости го имаше Рагми Мустафа градоначалник на Прешево, општина на југот на Србија со мнозинско албанско население кој се смета за највлијателен политичар меѓу Албанците во тој регион.

– Јас сум имал многу изјави во врска со промена на границите на Косово. Тоа е многу ризично, за целиот регион. Ваквата промена на териториите може да предизвика домино ефект на целиот регион. Дачиќ ова го кажал со цел да се оддолжи процесот на преговори помеѓу Белград и Приштина. Српскиот премиер треба да биде многу поодговорен во врска со ова прашање што поскоро да го признае Косово за да се реши овој проблем – вели Ахмети.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата