Ахмети не е за предвремени избори

Од:

Али Ахмети не е за предвремени избори,

Тоа, порача од Виена, не зависи ниту од изгласувањето или не на Законот за бранители.

Според лидерот на ДУИ не станува збори ниту за вонредна ситуација, но предупреди дека ова е чувствителна ситуација, и затоа според него најдобро решение за ова прашање е вклучување на сите учесници на конфликтот во 2001 година, во еден закон.

Промената на границите на Косово според Ахмети  може да предизвика  домино-ефект во Македонија.

„Во овој случај, како конкретен пример е Косово, како чувствително прашање. Доколку се променат границите на Косово и се оддели еден негов дел, Ви велам дека ризикот е многу поголем, зашто никој не може да гарантира дека домино ефектот не може да се случи и во Македонија “ рекол  Ахмети.

Лидерот на ДУИ, на средбата со албанската дијаспора во Виена се осврнал   и на случајот „Монструм“, при што изјавил, дека граѓаните се уверени оти  процесите и монтираните судења не може да се случат и оти целиот процес ќе биде надгледувам од меѓународните претставници.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата