Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вчера порача дека на 30 септември се гласа иднината на оваа земја, ќе се гласа дали ќе имаме стабилна држава со развој и напредок.
– Бараме членство во ЕУ и НАТО. На 30 септември се гласа за Македонија, за иднината на оваа земја, изјави Али Ахмети, додавајќи дека ни останува да се мобилизираме
На средбите со жителите од населбите Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево, Ахмети беше придружуван од градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу, од поранешниот градоначалник на општина Чаир Изет Меџити и од пратениците Артан Груби и Ејуп Алими.